Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, правосудна насока. Положила правосуден испит и испит за застапник од областа на индустриска сопственост. Во 2010 година го одбранила магистерскиот труд на тема “Административните постапки во системот на јавни набавки” на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, а во 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема : “Правни аспекти на примената на основните принципи во системот на јавните набавки и нивното значење за ефикасноста на системот”, на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје.
Волонтира во Основен Суд Скопје, потоа вработена во Агенција за приватизација на РМ, од каде е ангажирана и како советник на Министерство за Економија, за основање на првата Агенција за странски инвестиции на Република Македонија.
Во периодот 2005- 2006 година, е директор на првото и новоформирано Биро за јавни набавки при Министерство за финансии на Република Македонија. Во тој период е и претседател на Работната група за јавни набавки (во делот на усогласувањето на македонското законодавство за јавни набавки, со правото на ЕУ), како и национален претставник во Европска Комисија , во работна група за јавни набавки.
Од 2007 година работи како Адвокат во својата адвокатска канцеларија “Мострова” во Скопје.
Има завршено голем број семинари и едукации во земјата и странство, меѓу кои и специјалистички курс во Осака и Токио, Јапонија на тема: “Политики за развој на мали и средни претпријатија во Јапонија” и во Рим, Италија на тема: “Право во областа на претприемништвото и инвестициите”.
Во текот на 2009 година е ангажирана како Постар правен експерт во Приштина, Косово, на Проектот за унапредување на јавните набавки финансиран од Европска Комисија.
Учествувала на голем број меѓународни и национални конференции и семинари, како учесник и предавач. Активно учествува и предава на факултетски предавања и семинари од областа на јавните набавки и новините во кривична постапка во Република Македонија. Завршила обука за новиот Закон за кривичната постапка, во организација на Американска адвокатска комора и учествувала во студиска посета на САД за примена на Законот за кривична постапка, во организација на програмата за обвинителство и судство, при Амбасадата на САД во РМ.
Има издадено трудови, меѓу кои и
- Системот на јавните набавки, Билтен на Министерство за Финансии, 2005;
- Основи на системот на јавните набавки, КДС, 2011 година, книга издадена на македонски и албански јазик;
- Јавни набавки, МЦМС, 2011 година, книга издадена на македонски, албански и англиски јазик;
- Правни аспекти на институционалната поставеност на Советот и Бирото и нивната улога во функционирањето на Системот за јавни набавки, “Правник” 2015.
info@mostrova.com.mk