Image Source write my assignment for me uk.

Адвокатската канцеларија МОСТРОВА е основана во 2007 година, од Адвокат Анета Мострова.

Адвокат Мострова, ја доби лиценцата за работа од Адвокатска Комора на Република Македонија, по долгогодишното работно искуство во државни институции меѓу кои и Агенцијата за приватизација, Министерство за Економија, Агенција за странски инвестиции, Биро за јавни набавки при Министерство за Финансии.

Канцеларијата МОСТРОВА се стреми кон професионалност, интернационална ориентираност и динамичност што се констатира преку зрелоста и професионалното искуството во областите во кои канцеларијата успешно дава правни услуги.

МОСТРОВА е специјализирана за правни услуги на странски и домашни правни и физички лица.

Со оглед на иницијалната сериозност и ентузијазам како и континуираното отварање на македонскиот пазар, Канцеларијата Мострова реализира континуирана домашна и интернационална едукација, со цел следење на актуелните новини и се стреми кон понатамошно збогатување со нови професионалци и нови области на специјализација.

МОСТРОВА соработува со колеги од територијата на Република Македонија, како и континуирана прекугранична кореподенција со голем број странски колеги од Европа, Америка и Азија, со цел пружање на целосен и интегриран правен сервис за клиентите.