mostrova1

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, правосудна насока. Положила  правосуден испит и испит за застапник од областа на индустриска сопственост. Во 2010 година го одбранила магистерскиот труд  на тема “Административните постапки во системот на јавни набавки”  на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, а во 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема :  “Правни аспекти на примената на основните принципи  во системот на  јавните  набавки  и нивното значење за ефикасноста на системот”, на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје.

Волонтира  во  Основен Суд Скопје, потоа вработена во  Агенција за приватизација на РМ, од каде е ангажирана и како  советник  на Министерство за Економија, за основање на првата Агенција за странски инвестиции на Република Македонија.

Во  периодот  2005- 2006 година, е директор на  првото и новоформирано   Биро за јавни набавки при Министерство за финансии на Република Македонија. Во тој период  е и  претседател на Работната група за јавни набавки (во делот на усогласувањето на  македонското законодавство за јавни набавки,  со правото на ЕУ), како и национален претставник во Европска Комисија , во работна група за јавни набавки.

Од 2007  година  работи како Адвокат во својата адвокатска канцеларија “Мострова”  во Скопје.

Има завршено голем број семинари и едукации во земјата и странство, меѓу кои и  специјалистички курс во Осака и Токио, Јапонија  на тема: “Политики  за развој на мали и средни претпријатија  во Јапонија” и во Рим, Италија на тема: “Право во областа на претприемништвото и инвестициите”.

Во текот на 2009 година е ангажирана како Постар правен експерт  во Приштина, Косово, на Проектот за унапредување на јавните  набавки  финансиран  од Европска Комисија.

Учествувала  на  голем број меѓународни и национални конференции и семинари, како учесник и предавач.  Активно учествува и предава на факултетски предавања и семинари од областа на јавните  набавки  и новините во кривична постапка во Република Македонија. Завршила  обука за новиот Закон за кривичната  постапка, во организација на Американска адвокатска комора и учествувала во студиска посета на САД  за примена на Законот за кривична постапка, во организација на програмата за обвинителство и судство, при Амбасадата на САД во РМ.

Има издадено  трудови, меѓу кои и

  • Системот на јавните набавки,  Билтен  на Министерство за Финансии, 2005;
  • Основи на системот на јавните набавки, КДС, 2011 година, книга издадена на македонски и албански јазик;
  • Јавни набавки, МЦМС, 2011 година, книга издадена на македонски, албански и англиски јазик;
  • Правни аспекти на институционалната поставеност на Советот и Бирото и нивната улога во функционирањето на Системот за јавни набавки, “Правник” 2015.

info@mostrova.com.mk