Адвокатската канцеларија МОСТРОВА, обезбедува : консултации , совети и анализа на прописите надвор од судски постапки, како и застапување на правни и физички лица пред судовите и пред министерствата, општините и другите државни институции во Република Македонија.

Понатаму Адвокатската канцеларија МОСТРОВА, обезбедува правна помош во делот на регистрација на правата од индустриска сопственост, помош во подготовка на тендерска документација, како и во подготовка на понуди за учество на јавни тендери од областа на јавните набавки, концесии и јавно-приватно партнерство, како и поединечните тендерски процедури.

Адвокатската канцеларија МОСТРОВА, исто така, обезбедува правна помош во изнаоѓање и реализирање на инвестиции во Република Македонија.

Адвокатската канцеларија МОСТРОВА, обезбедува правни совети и застапување на меѓународни и домашни клиенти со највисок квалитет во следните области:

  • Управно право
  • Концесии и Јавно-Приватно партнерство
  • Јавни набавки
  • Е-Јавни набавки
  • Тендерски постапки
  • Здравствена заштита
  • Трговски друштва
  • Корпоративно управување
  • Комерцијални договори
  • Превземање на трговски друштва
  • Банкарство и финансии
  • Конкуренција и антимонополско работење
  • Имотно-правни односи и градба
  • Инвестиции
  • Развој на проекти и финансии
  • Управување со проектен циклус
  • Управување со води и отпад
  • Индустриска политика
  • Политика на мали и средни претпријатија
  • Телекомуникации, eнергетика, IT и електронски комуникации
  • Банкарство
  • Стечај
  • Граѓански постапки
  • Семејно и наследно право
  • Работни односи
  • Интелектуална сопственост
  • Безбедност на храна
  • Земјоделство
  • Метрологија
  • Локален регионален развој
  • Заштита на лични податоци
  • Човекови права

Адвокатската канцеларија МОСТРОВА прифаќа и случаи надвор од Скопје. Канцеларија обезбедува услуги од судски стенограф и нотар, како и превод од овластени судски преведувачи.

Јазици: македонски, англиски, српски, бугарски, холандски, албански, француски, германски.